Mitsubishi Space Star.

Дизајниран за животот да биде полесен.

Mitsubishi Space Star надворешност

Со аеродинамични спортски линии и препознатливо лице, новиот Space Star е дизајниран да привлече сечиј поглед.

Аеродинамичен дизајн

Исклучителниот преден изглед, страничниот како и на задниот дел на возилото, ја потврдуваат високата рафинираност на дизајнот и изборот на дополнителни елементи, кои заедно со вистински магнет за сечиј поглед.


Систем за отворање без клуч

Оставете го клучот во Вашиот џеб. Можете да ги заклучите или отклучите вратите без притоа да го извадите клучот од џеб. Можете и да го стартувате моторот, едноставно, само со притиснување на копче.

Mitsubishi Space Star внатрешност

Новиот Space Star спаѓа во помалата, компактна класа на автомобили, но изненадувачки е мошне просторен во внатрешноста, со седишта за 5 лица и одличен багажен простор. Како е можно внатрешноста на компактен автомобил да биде толку просторен? Внатрешноста на новиот Space Star е мошне флексибилна и овозможува лесно сместување и складирање.

Контроли на управувачот

Се на дофат. Контролите на аудио системот и Bluetooth® се поставени на управувачот, со што се овозможува двете раце постојано да бидат на управувачот.

SDA (Smartphone-Link Display Audio) уред

Уживајте во дигиталното поврзување

Одете кога и каде и да посакате. Откријте нови места и доживејте нови авантури. SDA уредот помага токму при ваквите патувања. Уредот со 7 инчен екран овозможува поврзување со паметен телефон со можност за користење на навигација, како и други корисни апликации.

Инструмент-табла

Висок контраст на покажувачите на таблата, овозможува лесно отчитување на вредностите.

Mitsubishi Space Star - Мотор

Space Star нуди мотори кои имаат одлична ефикасност и економичност. Изберете меѓу моторите со зафатнина 1.0 литри и 71 КС или 1.2 литри со 80 КС, и двата со MIVEC иновативна технологија на моторот за зголемена ефикасност и економичност, што го прави овој автомобил да биде рекордер во ниска потрошувачка на гориво. Со овој систем за променлива работа на вентилите развиен од Mitsubishi Motors, се постигнува максимална излезна моќност на моторот, како и ниска потрошувачка и емисија на CO2.

Трансмисија

Новиот Space Star се нуди со мануелна, но и со автоматска трансмисија или CVT, со што се постигнува глатко менување на брзините и одржување на оптимално ниво на бројот на вртежи на моторот.

Безбедност

Цврста, но и лесна каросерија

Каросеријата на новиот Space Star е исклучително цврста, но во истовреме и лесна. Ова е бидејќи се користат челични плочи со висок коефициент на затегнување, кои придонесуваат придонесуваат да се добие повисоко ниво на безбедност.

Заштита за сите патници

Space Star e опремен со 6 воздушни перничиња, 2 за заштита на возачот и совозачот, странични, како и воздушни перничиња-завеси. Исто така, во комбинација со камери и ласерски радар, дополнително на располагање е FCM системот, кој може да ја процени Вашата оддалеченост и брзина, во споредба со возилото напред. Доколку системот детектира опасност од судир, тогаш емитува предупредувачки звучен сигнал и автоматски го забавува Вашето возило.

Систем за помош при тргнување на нагорнина (HSA Hill Start Assist)

При тргнување на нагорнина, овој систем помага од неконтролирано лизгање на возилото наназад, односно при притиснување на ножната сопирачка, возилото се задржува 2 секунди, се додека не се притисне на педалата за гас.

Избор на бои

Детали за моторот

Мотор
Тип 1.0 DOHC MIVEC AS&G 1.2 DOHC MIVEC AS&G
Зафатнина 999 1193
Максимална силина 52(71)/6000 rpm 59(80)/6000 rpm
Максимален вртежен момент 88/5000 rpm 106/4000 rpm
Димензии и тежини
Вкупна должина 3845
Вкупна ширина 1665
Вкупна висина 1505
Меѓуоскино растојание 2450
Предна и задна трага 1430/1415
Растојание од пат 150
Тежина на празно возило 875
Капацитет на патници 5
Багажен простор 235
Перформанси
Mаксимална брзина 172 180 173
Забрзување 0-100 16.9 sek 12.8 sek 13.5 sek
CO2 емисија (комбинирана) 118 гр/км 113 гр/км
Горивна потрошувачка (NEDC)
Градска л/100км 5.3 5.4 5.1
Отворено л/100км 4 4.2 4.4
Комбинирана 4.5 4.6 4.6
Горивна потрошувачка (WLTP)
Ниска 5.9 5.6 6.3
Средна 4.7 4.5 4.9
Висока 4.6 4.4 4.6
Екстра висока 5.8 5.6 5.9
Комбинирана 5.2 5 5.3
Резервоар
Капацитет 35l
Менувач 5MT CVT

Space Star Ценовник

Симни PDF

Space Star Каталог

Симни PDF