Најбараниот автомобил Mitsubishi Space Star достапен и во Македонија

По големо исчекување конечно, моментно најбараното возило на автомобилскиот пазар, Mitsubishi Space Star, пристигна и во Македонија.

Причина за големиот интерес за ова возило на јапонскиот производител Mitsubishi е поради многу причини, но пред се што возилото според своите димензии спаѓа во Б сегментот на возила или популарно наречени градски возила, а се нуди по цена на уште помалите неречени мини возила од А сегментот.

Во Македонија, возилото се нуди за 8.880 евра со солидно ниво на опременост. (повеќе инфо на https://mitsubishimotors.mk/space-star/)

„По повеќегодишно истражување и развој, фабриката успеа преку разни напредни технологии патентирани од Mitsubishi, да одговори на растечкото барање на купувачите за помал, градски автомобил, кој ќе има пониска емисија на штетни гасови, ниски трошоци на одржување, ниска потрошувачка на гориво и се разбира ниска цена на чинење, но во истовреме да ги задоволи високите европски критериуми за квалитет“, изјави директорот за продажба на Mitsubishi Motors во Македонија, Владица Кокаловиќ.

Новиот Mitsubishi Space Star е изработен од челик со највисока цврстина и други иновативни легури, поради што е постигната ниска тежина на возилото, како и исклучително низок коефициент на аеродинамичност.

Засега ќе се вградуваат веќе проверените мотори со зафатнина од 1.0 и 1,2 литри и моќност од 71 КС и 80 КС, кои поседуваат MIVEC технологија, што заедно со другите иновации доведува до рекордно ниска потрошувачка на гориво од околу 5 литри на 100 км во градски услови на возење.

Од претходната генерација на Mitsubishi Space Star досега се продаден над 600.000 возила од кои најмногу во Европа, од кои пак половината од нив се продадени во Германија.

Изгледот на новиот модел содржи повеќе компактни линии и се истакнува динамичната надворешност, како и елегантниот дизајн на внатрешноста.

Воочлива е предната маска на автомобилот со карактеристичниот преден изглед на сите модели на Mitsubishi, наречен „динамичен штит“, додека комбинацијата со LED светлата во предниот и задниот дел, го прави да биде складен и лесно препознатлив. Како дополнителни опции, на располагање се новата „Diamond“ боја на Mitsubishi, која предизвикува ефект на стакло, како и новите двобојни алуминиумски тркала. Внатрешноста е опремена со нови, квалитетни материјали со посебен дизајн, со многубројни детали и елементи, кои внатрешноста ја прават да биде елегантна, вклучително и SDA уредот со 7 инчен екран, за поврзување со паметни телефони, навигација и слично.