Mitsubishi Motors со нов електричен SUV

Два нови концепти на Mitsubishi Motors премиерно ќе се појават на 46-то издание на саемот за автомобили во Токио. Станува збор за MI- TECH CONCEPT – мал електричен SUV, како и концепт на мини комбе K-Wagon.

Малиот електричен SUV, MI- TECH CONCEPT е заснован на идејата да овозможи задоволство при возењето на различни терени и временски услови, а ќе биде придвижуван од plug-in хибрид, односно од 4 електро мотори и еден мотор на гас, кој всушност ќе претставува генератор.

Возилото ќе биде со погон на 4 тркала и ќе содржи напредни системи за безбедност и помош при возењето. На овој начин се овозможува возилото да се движи при чисто електричен режим на работа и како сериски хибрид и да обезбеди перформанси карактеристични за електрично возило.

Во возилото исто така се распоредени 4 електрични мотори, 2 на предната и 2 на задната оска. Ова овозможува оптимално распоредување на вртежниот момент на сите 4 тркала. На тој начин се зголемува сигурноста кај возачот при управување на возилото, преку зголемување на прецизноста на управувањето.

Исто така, концепт возилото поседува технологија чии информации се прикажуваат на ветробранското стакло. На пример, MI-PILOT помошниот систем не само што го алармира возачот за потенцијален судир, туку и го помага функционирањето на управувачот и сопирачките или активирање на системот за избегнување на судир.