Кога авантурата е на 1-во место.
Исклучителниот изглед на предната маска со светлата, го прават новиот ASX да биде препознатлив, со впечатливо лице. Зошто да не се одделите од останатите?
Спој на безбедност и перформанси
Со нов изглед на предната решетка, новиот ASX поседува уште помоќни карактеристики. Наречен „Динамичен штит“, уникатниот дизајн на предниот дел нуди поголема заштита за пешаци и патници, а обликот на капакот на моторот го прави паркирањето значително полесно
LED светла со високи преформанси
Подобрување на осветлувањето напред и позадиДлабочина на бојата
Новиот ASX е достапен со палета динамични бои, вклучително и новата 6-слојна црвена Diamond боја, која нуди посебен ефект на длабочина на бојата.
Новиот ASX нуди зачудувачки голем простор во кабината, не само во предниот туку и во задниот дел на возилото. Луксузните елементи и напредната технологија при секое патување создаваат чувство на восхит и задоволство.
Удобност при секое патување
Седиштата се дизајнирани за да овозможат максимална удобност. Тие се достапни во кожа или со нова, мека ткаенина во црна / сива боја. Исто така, може да изберете можност за електрично регулирање на возачко седиште, како и греење на предните седишта.
Флексибилни задни седишта 60:40
ASX поседува 2 литарски бензински мотор со 16 вентили DOHC MIVEC, впарен со 5-степен мануелен менувач или со автоматска CVT трансмисија. Нуди доволна моќност за спортски перформанси и импресивна економичност.
Спортски и економичен
Моторот на ASX создава вртежен момент од 195 Nm со што успешно го контролира возењето во градски и вонградски услови. Благодарение на неговата иновативна технологија MIVEC, се овозможува варијабилна работа и електронска контрола на вентилите, со што се добива одлично искористување на секој грам гориво и претворање во моќност, односно задржување на врвна економичност и перформанси. Затоа моторите на Mitsubishi се сметаат за едни од технолошки најнапредни и најштедливи.
Мотор | 2.0L Бензин | ||
---|---|---|---|
Тип | 2.0L 16 вентили 4 цилиндри SOHC MIVEC ECI-Multi | ||
Зафатнина | 1,998 | ||
Макс. Моќност(EEC net) kW (КС)/вр. | 110(150) / 6,000 | ||
Макс. вртежен момент (EEC net) Nm (kg-m)/вр. | 195(19.9) / 4,200 | ||
Димензии и тежини | |||
Гориво | |||
Гориво тип | Безоловен бензин (RON95) | ||
Капацитет на резервоар за гориво (литри) | 63 - 60 | ||
Перформанси | |||
Забрзување (0-100 км/ч) | 10.2 – 12.2 секунди | ||
Макс. брзина – km/ч | 190 | ||
Потрошувачка на гориво (NEDC) ** | |||
Градска - литри/100км (mpg) | 8.7 (32.5) – Мануелен 2WD / Автоматик (CVT) 4WD | ||
Вон градска - литри/100км (mpg) | 6.1 (46.3) – Мануелен 2WD | ||
6.5 (43.5) – Автоматик (CVT) 4WD | |||
Комбинирана - литри/100км (mpg) | 7.0 (40.4) – Мануелен 2WD | ||
7.3 (38.7) – Автоматик (CVT) 4WD | |||
CO2 Емисии (WLTP) | |||
Ниска (g/km) | 217 - 239 | ||
Средна (g/km) | 158 – 173 | ||
Висока (g/km) | 148 – 161 | ||
Екстра висока (g/km) | 181 – 193 | ||
Комбинирана (g/km) | 171 - 185 |
Исклучително прецизно управување
Погонот на 4 тркала (4WD), овозможува подобро совладување на свиоците, подобрување на стабилноста и управливоста на возилото. Ова се случува со помош на насочување на вртежниот момент од предната до задната оска, кога е детектирано извесно пролизгување. Од друга страна системот за активна стабилност (Active Stability Control) рамномерно го распоредува вртежниот момент и силата на сопирање до секое тркало одделно, за да се одржи стабилното возење.
Информирајте се за капацитетот на влечење на ASX, доколку сакате да влечете приколка.
Подготвен за сè
Mitsubishi ASX е теренец кој е подготвен за сè. Со системот за помош при тргнување на нагорнина (Hill Start Assist), потоа системот за контрола на пролизгување (Traction Control), како и системот за активна стабилност (Active Stability Control), можете да избегате од градот и да се препуштите на нови авантури.КАПАЦИТЕТ НА ВЛЕЧЕЊЕ 1300 КГ
Овој капацитет на влечење, ASX го добива од моќниот 2-литарски MIVEC бензински мотор, кој ослободува моќност од 150 КС и вртежен момент од 195 Nm.
ASX Историја
Создаден да истражува
Во 2010 година го лансиравме тогаш сосема новиот модел ASX, компактен SUV, за време на 80-то издание на автомобилскиот саем во Женева. Дизајниран врз основа на поголемиот модел Outlander и поседува најнова технологија за заштита на животната средина.
ASX поседува Auto Stop & Go, иновативна технологија која овозможува автоматско исклучување на моторот кога возилото не е во движење, со што се намалува нивото на штетни емисии, како и потрошувачката на гориво. Денес, тоа претставува стандардна опција кај поголем број од возилата.
Димензии и тежини | |||
---|---|---|---|
Вкупна должина | 4365 mm | ||
Вкупна ширина | 1770 mm | 1810 mm | |
Вкупна висина | 1640 mm | ||
Меѓуоскино растојание | 2670 mm | ||
Трага, предна/задна | 1525/1545 mm | ||
Растојание од пат (без товар) | 190 mm | ||
Тежина на празно возило | 1355 kg | 1405 kg | |
Капацитет за седење | 5 | ||
Перформанси | |||
Максимална брзина | 190 km/h | ||
Забрзување 0-100 km/h | 10.6 sek | 11.7 sek | |
Горивна потрошувачка NEDC | |||
Урбано l/100km | 8,5 | 8 | |
Отворен пат l/100km | 5,7 | 6,1 | |
Комбинирано l/100km | 6,7 | 6,8 | |
WLTP | |||
Комбинирано l/100km | 7,1 | 8,2 | |
Мотор | |||
Тип | 4J11 S-MIVEC with AS&G | ||
Вкупна зафатнина | 1998 | ||
Максимална силина kw | 110(150) / 6000 | ||
Максимален вртежен момент Nm | 195 / 4200 | ||
Капацитет на резервоар | 63 | ||
Менувач | 5MT | CVT |