Прикажан бестселерот на Mitsubishi, новиот Space Star

Mitsubishi Motors и официјално го покажа новиот Space Star, кој за неколку дена подоцна ќе биде прикажан и на штандот на Mitsubishi, за време на меѓународниот саем на автомобили во Тајланд.

Изгледот на новиот модел содржи повеќе компактни линии и се истакнува динамичната надворешност, како и елегантниот дизајн на внатрешноста.

Space Star претставува глобално, стратешки модел за оваа јапонска фабрика од Токио, бидејќи во текот на 1 година се испорачуваат над140 илјади возила ширум светот.

Воочлива е предната маска на автомобилот со карактеристичниот преден изглед на сите модели на Mitsubishi, наречен „динамичен штит“, додека комбинацијата со LED светлата во предниот и задниот дел, го прави да биде складен и лесно препознатлив.

На располагање се новите „Diamond“ бои на Mitsubishi, кои предизвикуваат ефект на стакло, потоа може да се забележат новите двобојни алуминиумски тркала. Внатрешноста е опремена со нови, квалитетни материјали со посебен дизајн, со многубројни детали и елементи, кои внатрешноста ја прават да биде елегантна, вклучително и SDA уредот за поврзување со паметни телефони, со 7 инчен екран.

Моделот ќе биде за 5 см подолг и засега ќе се вградуваат веќе проверените мотори со зафатнина од 1.0 и 1,2 литри и моќност од 71 КС и 80 КС, кои го прават Space Star да биде едно од најекономичните возила во светот.